Македонска берза АД Скопје го објави финанискиот извештај за работењето лани, а во него меѓу друго ја објави и годишната бруто платата и наградите за извршниот директор, Иван Штериев.
Тој лани по тие основи зел 6,4 милиони денари.

За неизвршните членови пак по тие основи биле исплатени 2,3 милиони денари.
Неизвршни членови на Одборот на директори на Берзата се Тони Стојановски, претседателот на Управниот одбор НЛБ Банка АД Скопје, кој е претседател на Одборот, Михајло Брова Зиков од Комерцијална Банка АД Скопје, Ивана Гажиќ од Загребска берза АД Загреб, Славчо Филипчев од Грант Торнтон, Нина Неданоска од Шпаркасе Банка АД Скопје, Горан Анастасовски од Клириншка куќа КИБС АД Скопје, кој е независен член и Иван Мишев од адвокатско друштво Папазовски и Мишев, кој е независен член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Македонската берза финаниски лани
Фото: еМагазин













