Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“, формирана од Град Скопје за манифестацијата “Скопје европска престолнина на културата 2028“, ќе ја води Марјан Цветковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој е поранешен директор на Македонската радио телевизија (МРТ).
На таа функција беше 15 години.
еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога бил директор на МРТ.
Каков имот пријавил
На свое име нема недвижен имот.
Куќа во Скопје пријавил на име на сопругата, а на свое име камп приколка.

На име на сопругата пријавил удели, како и дивиденда и плата од истите.

Пријавил и банкарски депозити и два кредити, кои според тогаш дадените податоци не се вратени.

Фото: Унсплеш












