Во кои бизниси е Илон Маск, и како стана првиот билионер во светот

Еден од најбогатите луѓе во светот последниве години – Илон Маск (54) и официјално стана првиот билионер во светот.

Сега неговото богатство вреди недостижни 1,1 билион долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илон Маск стана првиот билионер во светот

За да биде појасно – тој не поседува толку пари во “кеш“, туку најголем дел од неговото богатство е само “на хартија“, а помалку е надвор од уделите во неговите компании.

Како стана билионер

На пошироката светска јавност Маск и е познат по две компании – „Спејс екс“ и „Тесла“.

Откако „Спејс екс“ почна да котира на берзата во Њујорк, САД, тој стана билионер.

Таму поседува околу 849,5 милиони акции од класа А и 5,57 милијарди акции од класа Б, или 84,4% од вкупниот број на акции.

Според јавната понуда за излегувањето на компанијата на берзата, неговите удели таму вредат околу 866,5 милијарди долари „на хартија“.

Во „Тесла“ пак е сопственик на околу 717,1 милиони акции. Тој удел „на хартија“ вреди околу 286,2 милијарди долари.

Заедно, уделите во двете компании „на хартија“ се проценуваат на околу 1,1 билион долари.

Секако овие бројки се многу променлива категорија, па така тој за брзо време може повеќе да не биде билионер или дополнително да го зголеми богатство „на хартија“, зависно од тоа како се тргуваат акциите на берзата на овие компании.

Со што се занимаваат “Спејс екс“ и „Тесла“

„Тесла“ најмногу е препознатлива по производството на електрични автомобили, батериски системи и соларна технологија.

„Спејс екс“ пак е компанија во областа на вселенската индустрија. Развива ракети, вселенски летала и сателитски системи, а нејзин најпознат проект е Starlink – мрежа од сателити која обезбедува интернет низ различни делови од светот.

Во 2022 година Маск ја купи и социјалната мрежа Твитер, која сега се вика Х.

Секако, тој е присутен и во бизнисот со вештачката интелигенција преку xAI, компанија која развива технологии за вештачка интелигенција и системот Grok.

Маск е и коосновач на “Neuralink“, компанија која работи на развој на мозочно-компјутерски интерфејси, за да овозможи директна комуникација меѓу човечкиот мозок и компјутерите.

Тој е присутен и во “The Boring Company“, која се занимава со изградба на тунели и развива идеи за подземен транспорт, за да се намалат сообраќајните гужви во големите метрополи.

Фото: Маск/Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести