Инвестиција од 11 милиони евра: „Брејнчајлд“ отвори фабрика во индустриската зона Жабени во Битола

Во индустриската зона Жабени во Битола почна со работа „Брејнчајлд“, фабрика за производство на опрема за спортови на вода и ветер.

Станува збор за инвестиција од околу 11 милиони евра, а во фабриката се планира вработување за 230 лица.

Фабриката располага со современа производствена хала со површина од 3.500 квадратни метри, изградена според современи еколошки стандарди.

Компанијата пред пет години во Битола отвори Центар за истражување и развој.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести