Поранешниот медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и поранешниот организациски директор на Клиниката, Нехат Нухи, излегуваат од притвор и ќе се бранат од слобода.
Двајцата дале вкупна гаранција од 500 илјади евра во недвижен имот.
Како што информираа од Основниот кривичен суд Скопје на Васев му била определена гаранција од 183.981 евра, а истата се состои од ставање под хипотека на недвижен имот.
На Нухи пак му е определна гаранцијае од 348.049 евра, исто така, со ставање под хипотека на недвижен имот.
На двајцата им се определени и мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска еднаш месечно да се јавуваат во Судот, привремено одземање на пасошите и забрана за издавање на нови или друга исправа за преминување на државната граница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одобрено обвинението за Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија 2“
На двајцата им се суди во предметот познат како „Онкологија 2“ за злоупотреба на службената положба и овластување, измама и проневера во службата.
И двајцата се изјаснија за невини.
На Васев му се суди и во предметот познат како „Онкологија„ за несовесно лекување пациенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил поранешниот директор Нино Васев, кој е обвинет за случајот „Онкологија 2“
Каков имот пријавил поранешниот директор Нехат Нухи, кој доби куќен притвор за „Онкологија 2“
Во ќелија на Нино Васев пронајдени три мобилни телефони













