Почина еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“

На 54-годишна возраст почина Љупчо Грнчиштанов, еден од обвинетите во главниот предмет за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани.

Информацијата ја потврдија од Основното јавно обвинителство, од каде велат и дека неговото тело ќе биде дадено на обдукција за да утврди причината за смртта.

Неговото семејство за телевизијата Телма вели дека починал утринава. Синоќа му се слошило по што биле пренесен во Клиничкиот центар, каде што му била дадена инфузија, но не бил задржан.

Тој беше обвинет за кривичното дело “тешки дела против општата сигурност“ и беше раководител на Инспекциската служба на Дирекцијата за заштита и спасување. Функцијата ја извршувал од почетокот на јануари 2013 година до 16. март 2025 година, кога се случи трагедијата.

Тој се изјасни за невин.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести