Обезбедени се уште четирите лица кои беа недостапни во случајот со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за проневера на околу 3 милиони евра, во која се осомничени и двајца поранешни претседатели на Федерацијата, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Информацијата ја соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата, а сега останува недостапно уште едно лице.
Вкупно во случајот се осомничени 18 физички и осум правни лица
Едно од лицатата кои беа недостапни, вчера добило притвор, а друго мерки за обезбедување.
Другите двајца денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ, кој заврши во притвор
Фото: ФФМ













