Бугарската антимакедонска Фејсбук група „Грубовци, Ениџе Вардар – родна Македонија“ е во фокусот на јавноста откако на неа се појави дипломатски документ со кој беше загрозена безбедноста на семејството на премиерот Христијан Мицкоски.
Имено, на истата беше објавен дипломатски допис од македонската Амбасада во Бугарија, со кој таа го информираа бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) дека сопругата на Мицкоски и неговиот помал син ќе престојуваат во Пампорово, Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во дописот меѓу друго има детали за нивното обезбедување, имиња на членови на обезбедувањето, возилата со кои патуваат, комуникациските уреди кои ги користат, какво вооружување носат со себе…
За дипломатскиот скандал Мицкоски соопшти дека го информирал и НАТО, а од Бугарија засега нема никаква реакција.
Документот можел да протече од две места – македонската Амбасада или бугарското МНР. Очигледно е дека не е од нашата Амбасада.
Која е Фејсбук групата
Во описот на групата стои дека објавува содржини кои се однесуваат на „историјата“ на Бугарите во Македонија од 19 и 20 век, ама доминираат содржини со кои се омаловажува македонскиот народ кој се нарекува „северномакедонски“, се исмеваат премиерот Мицкоски и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која се нарекува “баба Гога“, се напаѓаат и македонски новинари, а меѓу друго на „тапет“ е и специјалниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, но и словенечката европратеничка Ирена Јовева…






Секако на групата се објавуваат и бројни содржини кои ја искривуваат историјата.
Документот пак кој предизвика бура е избришан.
Хибридна кампања
Оваа не е единствената Фејсбук група со вакви содржини, зад кои стојат администратори од Бугарија. Има и вакви групи зад кои стојат и администратори од Македонија.
еМагазин неодамна пишуваше дека во македонскиот онлајн простор се појавија еден куп портали со домен мк, кои објавуваат содржини на македонски јазик (за да читателите во Македонија мислат дека станува збор за македонски медиуми), а со кои најчесто се негира постоењето на македонскиот народ, се омаловажуваат македонски функционери, се негира постоењето на македонскиот јазик, но се објавуваат и содржини кои имаат за цел да ги влошат односите помеѓу Македонците и етничките Албанци во Македонија.
Сите тие објавуваат иста содржина, што кажува дека таа е сихноризирана од едно место, а зад нив стојат лица од Бугарија, но и од Македонија.
Содржини кои ги зближуваат Македонците и Бугарите на нив неможе да се најдат, а дополнително очигледно е и дека користат ботови за коментарите под содржините, што пак дополнително продуцира говор на омраза и од македонски и од бугарски читатели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија














