Мицкоски реагирал на настани што “поминале одамна„, велат од бугарското МНР за протекувањето на дипломатскиот документ за семејството на премиерот

Од Бугарија конечно се огласија за протекувањето на дипломатскиот документ за патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во јануари годинава во Бугарија.

Од бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) велат дека документот не протекол од кај нив, а во соопштението има и чуден дел дека станувало збор за нота во која се зборува за настани што “поминале одамна“.

Секако темата не е од кога е документот, туку какви информации се споделени со неговото објавување, на што реагираше и Мицкоски, и секако како можел да протече еден ваков документ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија објави дипломатска нота за престојот на семејството на Мицкоски во Пампорово, премиерот го информирал НАТО

Станува збор за допис од македонската Амбасада во Бугарија до бугарското МНР во кој меѓу друго има детали за обезбедувањето на семејството на Мицкоски, имиња на членови на обезбедувањето, возилата со кои патуваат, комуникациските уреди кои ги користат, какво вооружување носат со себе…

Истиот можел да протече само од македонската Амбасада или од бугарското МНР.

Од бугарското МНР велат и дека “во моментов оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност по безбедноста на граѓаните на Бугарија или на друга земја“ и дека тоа придавало “големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго се придржува кон утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Фејбук групата на која заврши дипломатски документ кој ја загрози безбедноста на семејството на Мицкоски

МНР го повикалo бугарскиот амбасадор за протечениот дипломатски документ, бара објаснување и истрага

Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија

Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести