Грант од 1 милион евра од Светската банка за трансформација на МЖ – Транспорт

Со грант од 1 милион евра од Светска банка Македонија ќе прави преструктурирање на државната Македонски железници (МЖ) – Транспорт, за да се создаде функционално претпријатие.

Договорот денеска го потпишаа вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван.

Со Европската унија (ЕУ), како што информираше Николоски, се работи на трансформацијата на двете желенички претпријатија – МЖ – Транспорт и МЖ – Инфраструктура, како дел од Планот за раст на ЕУ.

Паралелно со овој процес, министерот најави и набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви.

Фото: МЖ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести