Обвинение за поткуп за Васе Анакиев, поранешниот директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

За поранешниот директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, по спроведената истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против него за кривично дело – Примање поткуп, информираа од таму.

Според обвинението, тој како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши, посочуваат од Обвинителството.

-Обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на правно лице кое се занимавало со негово производство и увоз, иако истото и претходно повеќепати увезувало ваков вид стока.

Притоа влијаел врз службено лице – фитосанитарен инспектор на граничен премин, да не го одобри влезот на стоката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на граничниот премин.

На 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно побарал поткуп во износ од 100.000 евра за одобрениот увоз и за идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал износот да биде исплатен во три рати.

На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници.

Со Обвинителниот акт е поднесен и посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот поради постоење на околнистите заради кои истиот беше определен, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Васе Анакиев, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, кој заврши во притвор за поткуп

Каков имот пријавил Васе Анакиев, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, кој заврши во притвор заради поткуп

Ќе остане ли потпретседател на СПМ, Анакиев, кој заврши во притвор за поткуп

Фото: Фејсбук/Анакиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести