На јавна аукција за 1.350.000 денари или околу 22 илјади евра, било продадено службеното возило на Општина Струга, „ауди 6„, за чија набавка поранешниот градоначалник на Општината, Рамиз Мерко, заврши на суд.
Информацијата ја објави телевизијата Алсат, а според неа купувачот бил од битолско.
Парите од продажбата на возилото ќе биле искористени за отплата на долг на Општината, потврдил актуелниот градоначалник Менди Ќура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рамиз Мерко ослободен за набавката на луксузното „ауди“, немало докази
Фото: Мерко/Фејсбук














