(Видео) Првата галерија од вкупно 14 е вистинско инженерско чудо, вели Мицкоски за завршната фаза на автопатот Охрид-Кичево

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

„Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините.

Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот.

Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза.

Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните.

Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во рокот кој е предвиден.

Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата,“ напиша Мицкоски на неговиот фејсбук-профил.

Видеото ОВДЕ.

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести