Кој е Ѓоко Велковски, кој ќе биде новиот министер за социјална политика, демографија и млади

Ѓоко Велковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде новиот министер за социјална политика, демографија и млади, кој моментално е заменик-министер во овој ресор.

Тој доаѓа на местото на Фатмир Лимани, кадар на Вреди, кој повеќе нема да биде министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фатмир Лимани, кој повеќе нема да биде министер за социјална политика, демографија и млади

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.

Кој е Велковски

Роден е на 23.12.1986 година во Скопје.

Тој е дипломиран економист на катедрата за надворешна трговија на Економскиот факултет при Универзитет Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје.

Зборува и англиски јазик.

Работно искуство и политичка картиера

Во 2024 година бил раководител на Секторот за поддршка на градоначалник и јавни дејности во Општина Гази Баба.

Истата година неколку месеци беше и министер за труд и социјална политика.

Од 2021 до 2023 година бил секретар на Град Скопје.

Во 2020 година бил кабинетски службеник во Министерство за труд и социјална политика.

Во 2016 година бил посебен советник за прашања поврзани со хумана популациона политика во кабинет на дополнителен заменик министер во Министерство за труд и социјална политика.

Од 2014 до 2021 година бил раководител на Одделението за внатрешна ревизија во Министерство за труд и социјална политика.

Од 2013 до 2014 година бил соработник за комплетирање на документи во областа на јавните набавки во Секторот за финансиски прашања во Министерство за труд и социјална политика.

Од 2010 до 2013 година бил внатрешен ревизор – соработник во Град Скопје.

Од 2009 до 2010 година бил локален економски консултант во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во Државната болница во Скопје.

Од 2013 до 2021 година бил советник во Совет на Општина Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Идниот министер Ѓоко Велковски по по вторпат стана татко

Приватно

Оженет е, и е татко на два сина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сашо Клековски, кој ќе биде нов министер за здравство

Кој е Јетон Шасивари, кој ќе биде новиот министер за правда

Кој е Борче Серафимовски, кој ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фото: Велковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести