Тројца македонски функционери, кадри на Вреди, поради сопатник задржани на граничниот премин со Албанија, Ќафасан

Вчера на граничниот премин со Албанија, Ќафасан, еден час биле задржани тројца македонски функционери, кадри на владејачката Вреди, поради сопатник во друго возило.

Станува збор за координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, пратеникот на Вреди, Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани.

Информацијата ја потврдија од партијата, од каде велат дека и покрај тоа што покажале дипломатски пасоши, биле задржани на границата без никакво објаснување.

Од таму велат дека според информациите што неофицијално им ги соопштила граничната полиција, против нив постоела забрана за влез во Албанија.

Сепак, не им била соопштена никаква одлука, документ или оправдување за тоа.

Вреди бара од властите на Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка.

Доколку е така, од таму бараат одговор кој ја донел таа одлука, врз која законска основа се темели истата и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши бара разјаснување зошто пратениците на Вреди биле задржани на границата Ќафасан

Македонските функционери од Вреди биле задржани на граница поради сопатник кој имал проблем со документацијата, велат од албанската Царинска управа

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести