Засега непознато кој е тој: И албанската полиција вели дека функционерите на Вреди биле задржани поради нивни сопатник

И албанската полиција, како и тамошните царински власти, вели дека тројцата македонски функционери, кадри на Вреди – координаторот на пратеничката група на владејачката Вреди, Беким Ќоку, пратеникот на Вреди, Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на македонската Влада, Хасим Муртезани, биле задржани на граничниот премин, Ќафасан, поради четврто лице – нивен сопатник.

Царинските власти соопштија дека имало проблем со неговите документи, а од албанската полиција, пак кажаа дека за него имало законски пречки за влез. Тие не дадоа повеќе детали за што конкретно станува збор.

И од царинските власти и од полицијата велат дека немало проблем за влез за функционерите на Вреди и дека тие сами се одлучиле да не влезат во Албанија.

Тоа го потврди и Ќоку.

Засега е непознато кое е четвртото лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши бара разјаснување зошто пратениците на Вреди биле задржани на границата Ќафасан

Македонските функционери од Вреди биле задржани на граница поради сопатник кој имал проблем со документацијата, велат од албанската Царинска управа

Тројца македонски функционери, кадри на Вреди, поради сопатник задржани на граничниот премин со Албанија, Ќафасан

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести