54-годишен маж починал откако се превртел со тракторот

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 16.07 2026 година во 20:00 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола било пријавено дека во атарот на селото Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т. (54) од селото Канатларци.

Од здобиените повреди, М.Т.  починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести