Кој е Бејџан Иљас, пратеникот кој стана дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Откако Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТ) стана дел од коалицијата “Твоја Македонија“ предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата доби уште еден пратеник и сега има 59.

Станува збор за пратеникот Бејџан Иљас од ДПТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби пратеник плус

Претходно ДПТ беше дел од коалицијата “Европски фронт“ предводена од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Бејџан Иљас, пратеникот кој стана дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Кој е Иљас

Роден е на 23. мај 1976 година во Тетово.

Тој е доктор по медицина. Дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитет “Селчук“, Коња, Туркије.

По професија е лекар-специјалист вработен во Клиничката болница во Тетово.

Политичка кариера

Бил претседател на Демократска партија на Турците на Македонија.

Работел и како советник во Општина Теарце, а сега е заменик претседател на ДПТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Зулфиќар Зејнула, новиот министер без ресор

Каков имот пријавил Зулфиќар Зејнула, новиот министер без ресор

Демократската партија на Турците стана дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Фејсбук/Иљас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести