Останува на сила забраната за пиење на водата од градскиот водовод во Крушево.
Оваа следи откако Центарот за јавно здравје Прилеп констатирал дека таа е се уште бактеролошки неисправна.
Забраната ќе важи додека три последователни примероци не покажат дека истата е исправна.
Како што информираа од ЈП „Комуна“ – Крушево до оваа дојде откако имало прекин во работата на системот за хлорирање предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И водата во Крушево не е за пиење, откриени бактерии
Фото: Унсплеш














