Данокот на имот во Кочани се зголеми за 40%

Жителите на Општина Кочани ќе плаќаат повисок данок на имот за дури 40%.

Имено, како што пренесе државната агенција МИА, Советот на Општината усвоил Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на стапките на данокот на имот за подрачјето на Општината, со што овој данок се зголемува.

Одлуката била донесена со 12 гласа „за“ и 7 „против“.

За неа гласало мнозинството – советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, двајцата независни советници од „Сакам живот во Кочани“ и советникот Аки Акиов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе плаќаат ли Скопјани повисок данок на имот?

Фото: Општина Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести