Од ветерот од 130 километри на час освен што беше предизвикана штета на бројни приватни и државни објекти, паднаа и голем број дрвја во Скопје. Никој не го знае нивниот точен број.
Голем дел од нив се уште се сечат и се расчистуваат од ЈП “Паркови и зеленило“, а станува збор за огромна дрвена маса.
Како што објави вчера еМагазин само во Градскиот Парк има стотици паднати дрвја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Страшна глетка во Градски Парк: Паднати се стотици дрвја
Од Град Скопје за Слободен печат велат дека паднатите листови, ситните гранки и останатиот растителен отпад се транспортираат во депонијата „Дрисла“, каде што соодветно се одложуваат, а поголемите стебла и дрвната маса се пренесувале во ЈП „Паркови и зеленило“, каде што се складираат и се подготвуваат за понатамошна намена.
Од таму велат дека планирано е од нив да се изработуваат летниковци за на Водно, урбана опрема, клупи, огради и слично, а дел од нив ќе завршат за огрев за социјално ранливи категории граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Скопјани уште чекаат да се расчистат паднатите дрвја
(Видео) Погодено и единственото кафуле „Централ парк“: Голема штета и во Градскиот парк во Скопје
(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето во Скопје
Фото: еМагазин














