Владата позајми пари од Македонска навигација (М-НАВ), МЕПСО и Државна лотарија за да го враќа кредитот на Јавното претпријатие за државни патишта кон кинеската Ексим банка за автопатите.
Информацијата денеска ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека парите ќе им бидат вратени следниот месец.
-Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите. И истите тие средства во август ќе бидат вратени на компаниите.
Значи, се прави само вообичаена процедура којашто многупати во минатото се правела, така што во август месец тие средства ќе бидат вратени и кај М-НАВ, односно Македонска навигација, и кај Лотарија на Македонија, и кај МЕПСО, рече тој.
Македонија позајми пари од кинеската банка за автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Kинеската банка „Ексим“ веќе не го финансира автопатот Кичево – Охрид
(Галерија) Две галерии од автопатот Охрид – Кичево се целосно завршени, третата се гради
Фото: МТ














