Момче на возраст од 24 години од скопското село Петровец е уапсено откако вчера во селото ја влечел со автомобил околу 20 метри мајка му.
Станува збор за Р.Д., а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тој вчера околу 18:50 часот преку отворен прозорец на возило „фиат“ кое го управувал, ја фатил неговата мајка и со истото ја влечел, по што го напуштил местото.
Од влечењето жената се здобила со телесни повреди. Била пренесена во јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Момчето од полицијата ќе добие соодветна пријава.














