Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 4,50 денари, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука цената на дизелот ќе изнесува 98,50 денари за литар, на бензинот Еуросупер БС-95, 93 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 95 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за пет денари и ќе се продава за 98 денари за литар.
За 2,726 денари се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС и тој ќе се продава за 48,099 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














