Кој е Зоран Герасимовски, кој е назначен за в.д. претседател на Апелационот суд Скопје

Нов в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје е судијата Зоран Герасимовски.

Тој беше избран од страна на Судскиот совет, а доаѓа на местото на судијката Мери Дика Георгиевска, која стана уставен судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Герасимовски назначен за в.д. претседател на скопска Апелација

Кој е Герасимовски

Во 2005 година е избран за судија во Основниот суд во Тетово.

Од 2017 година е судија во Апелацискиот суд во Скопје. Работи во граѓанската област.

Во 2022 година беше избран за член на Судскиот совет од редот на судиите.

Следната година поднесе оставка од функцијата. Како причина за таквата одлука наведе дека поради несогласувања во работата на Советот смета оти својот придонес може поефикасно да го даде како судија во Апелација.

Бил и в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Зоран Герасимовски, кој е избран за в.д. претседател на скопска Апелација

Која е Мери Дика Георгиевска, која е избрана за уставен судија

Каков имот пријавила Мери Дика Георгиевска, која е избрана за уставен судија

Фото: Унсплеш/Апелација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести