Велешки „Димко Митрев“ со драстичен раст на добивката за 288%

Во првите шест месеци од годинава Димко Митрев АД Велес остварил нето добивка од 344 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година таа е поголема за 288%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Друштвото остварило вкупен приход од 126.436 илјади денари и во однос на истиот период лани, тој е помал за 12 %.

-По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 94,15%, приходите од домашен пазар со 2,53% и други приходи со 3,32%.

Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат, велат од таму.

Вкупните расходи изнесуваат 126.102 илјади денари и во однос на вкупните расходи во истиот период лани се помали за 12%.

-По структурата на застапеност во вкупните расходи најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 76.881 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се поголеми за 14%.

Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 40.083 илјади денари и во однос на истиот период во 2025 година се помали за 32% и истите редовно се исплаќаат. Во пресметковниот период вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 26.692 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 11.284 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешки “Димко Митрев“ лани со зголемена добивка

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести