Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани, е во фокусот на јавноста откако му беше вратен пасошот.
За него во тек е судски процес, а пасошот го доби назад откако даде гаранција од над 5 милиони евра во недвижности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дал гаранција од над 5 милиони евра: Вратен пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски
Откако му беше вратен пасошот тој напушти Македонија, а неговиот адвокат Марјан Николоски вчера за телевизијата Телма вели дека тој отишол по работа во Србија каде има фирма.
Од порано е познато дека тој освен бизнис во Србија, таму има и имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борче Марковски остана без станови во Скопје, пари, возила, земјиште во Македонија и Србија
Неговиот адвокат вели дека тој ќе се врател утре.
-Тој има сериозна фирма во Србија. Без него не може да функционира. Денеска и утре има тешки состаноци. Сабота ќе биде во Македонија. Значи не станува збор за бегство. Тој има гаранција оставено.
На крајот на краиштата не се чувствува ни виновен, вели за телевизијата Николоски.
Марковски е и почесен конзул на Белорусија во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски ја напушти Македонија откако му го вратија пасошот














