Фабрика Карпош АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила бруто добивка од 43,696 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Друштвото остварило вкупни приходи во износ од 620 милиони денари.
-Најголемо учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативното работење, кои учествуваат со повеќе од 98% од вкупните приходи и во најголем дел се остварени на домашниот пазар.
Финансиските приходи имаат мало учество во структурата на вкупните приходи и не влијаат значително врз финансискиот резултат, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 558 милиони денари.
-Најзначајно учество во оперативните расходи имаат трошоците за услуги со карактер на материјални трошоци (услуги од кооперанти), кои изнесуваат 241 милион денари.
Финансиските расходи бележат умерен пораст во однос на истиот период од претходната година, како резултат на користење кредитни средства за финансирање на инвестиционите активности на Друштвото, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Фабрика Карпош лани
Фабрика Карпош има вкупно 138 акционери
Сервис Петрол сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош














