Велешки Кристал 1923 со загуба во првото полугодие

ПИ Кристал 1923 АД Велес во првите шест месеци остварил нето загуба од 8.862 илјади денари, а во истиот период лани имаше добивка од 607 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Остварените вкупни оперативни приходи изнесуваат 432.747 илјада денари и во однос на истиот период лани се намалени за 3,6%

-Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се намалени за 3%, велат од таму.

Оперативните расходи изнесуваат 309.255 илјади денари и во однос на лани се зголемени за 18,2%.

-Од наведеното може да се заклучи дека загубата произлегува од зголемените расходи во однос на  расходи за периодот од 01.01.26-31.06.26 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу нив и стоковната куќа „26 јули“ во Скопје: Велешки Кристал 1923 продава свој имот

„Бане комерц“ купи нови акции на велешки Кристал

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести