Кои нафтени деривати се продавале најмногу лани

Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар во 2025 година изнесувала 1.011.990 тони, што е зголемување за 4,88% во однос на продажбата на нафтените деривати во 2024 година (964.886 тони), покажува годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за минатата година.

Лани во Македонија има пораст во потрошувачката споредно со претходната година, кај бензините за 8,34%, кај дизелот за 5,17%, кај Екстра лесното масло (ЕЛ-1) за 2,23% и кај течниот нафтен гас (ТНГ) за 3,55%.

Пад во потрошувачката во 2025 година, споредно со претходната година, има кај млазното гориво за 53,29%, кај мазутот за 1,12% и кај потрошувачката на биодизел за 2,52%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од кои земји увезува Македонија нафтени деривати

Кои се најголемите увозници на нафтени деривати во Македонија

Кои биле главните “играчи“ на пазарот со нафтени деривати во Македонија лани

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести