Макпетрол лани има најголем удел на пазарот на нафтени деривати преку бензински станици од страна на трговците на големо покажува годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.
Уделот на компанијата е 39,19%.
По неа следуваат следуваат Лукоил со 14,50%, Дади Оил со 13,36%, Супертрејд со 8,47%, ОКТА со 6,69%, Детоил со 4,16%, Црна Река Петрол со 3,62%, Пуцко Петрол со 3,09%, Јавор шпед со 3,05%, и Омпетрол со 1,63%.
Уделот на сите останати девет трговци на големо кои имале продажби преку бензински станици изнесува околу 2,25%.
Најголем удел во продажбата на домашниот пазар повторно има Макпетрол со 31,81%, по него следува Дади Оил со 13,12%, Супертрејд со 11,09%, Лукоил со 10,96%, Окта со 5,99%, Пуцко Петрол со 4,92%, Јавор Шпед со 4,52%, Пертинакс со 3,99% Детоил со 3,57%, Црна Река Петрол со 3,21%, Еуропетрол со 1,68%, и Омпетрол со 1,25%.
Останатите осум трговци на големо се со вкупен удел од околу 3,87%.
Фото: Унсплеш














