Од кои земји увезува Македонија нафтени деривати

Лани трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, го вршеле увозот на нафтените деривати во Македонија од девет држави покажува годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.

Најмногу нафтени деривати биле увезени од соседните држави, и тоа од Грција 86,71%, потоа од Бугарија 9,28%, Албанија 2,07%, Србија 1,45%, Индија 0,27%, Романија 0,12% и мал процент на увоз од други земји.

Набавката и продажбата на нафтените деривати во Македонија, во текот на 2025 година, активно ја вршеле 21 правни субјекти лиценцирани за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите увозници на нафтени деривати во Македонија

Кои нафтени деривати се најпродавани во Македонија

Кои биле главните “играчи“ на пазарот со нафтени деривати во Македонија лани

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести