Момче од Македонија кое се повредило во Кушадаси, Турција, ќе биде донесено дома со владиниот авион, бидејќи земјава нема медицински транспортен авион.
Тоа се повредило по пад од тобоган на летување. Се здобило со скршеница на вратен пршлен, а моментално е хоспитализирано.
Поради сериозноста на повредата неможе да биде транспортирано со комерцијален лет или возило.
Транспортот се очекува да биде реализиран утре, информираа од Службата за општи и заеднички работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медицински тим со владиниот авион ќе го преземе повреденото момче во Турција
Фото: Игор Бансколиев














