Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Туркије.
-По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), обезбеден е владин авион со кој пациентот утре ќе биде транспортиран во земјава.
За време на транспортот, пациентот ќе биде придружуван од специјализиран медицински тим од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), при што се обезбедени сите неопходни услови за безбеден медицински транспорт, велат од таму.
По пристигнувањето во Скопје, момчето ќе биде преземено од тимот за спинална хирургија на Клиниката, каде што веднаш ќе биде хоспитализиран и ќе му биде обезбедено натамошно специјалистичко лекување, медицинска нега и соодветна рехабилитација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момче од Македонија скршило вратен пршлен во Турција, ќе биде донесено дома утре со владиниот авион
Фото: Игор Бансколиев














