Исчезна рибар во Преспанско Езеро, скокнал по веслата и не излегол од вода

На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во село Сливница, ресенско, од езерото  излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата.

Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1.000 метри од брегот.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Б.Ј.(71) од Скопје, кој ги запознал дека другото лице М.М.(71) од Скопје скокнал од чамецот и не излегол од водата.

Полициски службеници и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести