Бројот на заболени во Македонија годинава се искачи на 38 лица, а досега се починати четири лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 38 се искачи бројот на лица со западно-нилска треска во Македонија
Вирусот не се пренесува од човек на човек, а преносители на истиот се комарците и дивите птици.
Досега најголемиот број на заболени се од скопско, а има и по еден случај од Велес и Општина Долнени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Како да се заштите од комарците?
Отстранете ја застоената вода од дворовите како тацни од саксии, стари гуми, канти, и редовно чистете ги олуците.
Поставете заштитни мрежи на прозорците и вратите.
Избегнувајте престој надвор во зори и самрак, кога комарците се најактивни.
Носете облека со долги ракави и панталони и користете репеленти.
При појава на симптоми како висока температура, главоболка, вкочанетост на вратот и сл., веднаш побарајте лекарска помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која болест била регистрирана кај починатите од западно-нилска треска
Не допирајте мртва дива птица, кои како и комарците се преносители на западно-нилска треска
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Фото: Унсплеш














