Членови на менаџментот на Алкалоид АД Скопје купија нови акции на компанијата, што покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи.
Како што информираа од таму преку Македонската берза, Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор (УО) и генерален директор купил нови 277 акции на Алкалоид. Сега поседува 131.777 обични акции или 9,21% од вкупниот број на акции на компанијата.
Виктор Стојчевски, член на УО и директор на финансии купил нови 126 акции и сега поседува 0,73% од вкупниот број.
Ќире Ицев, член на УО и директор на службата за општи работи и логистика купил 100 нови акции и сега поседува 0,70% од вкупниот број.
Ѓорѓи Јованов, член на УО и директор за акционерство и имотни прашања купил 100 нови акции и сега поседува 0,44% од вкупниот број.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акцијата на Алкалоид најтргувана во јули: Со чии акции е остварен најголем промет














