И Шабан Салиу стана национален координатор

Поранешниот министер без ресор Шабан Салиу, откако беше разрешен со последната реконструкција на Владата, стана национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030.

Неодамна и разрешениот министер за култура и туризам, Зоран Љутков, стана национален кординатор за култура во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По разрешувањето од функцијата министер, Љутков назначен за национален координатор за култура во Владата

Салиу, за новата функција се пофали сам на Фејсбук, а одлуката била донесена на една од седниците на Владата.

Инаку, Салиу е еден од обвинетите за трагедијата во Кочани, како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој ја водеше институцијата од 2012 до 2017 година.

Освен тој на обвинителна клупа се уште неколку поранешни директори на ДЗС, бидејќи институцијата не извршила ниту една инспекција во т.н. дискотека “Пулс“.

Во текот на судењето кога беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на ДЗС, потпишани со неговото име, тој тврдеше дека потписот не бил негов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кочани не се правеле контроли на објекти за пожар од ДЗС, кажаа од Обвинителството на судењето за „Пулс“

Министерот Шабан Салиу не чувствува никаква вина за трагедијата во Кочани

Фото: Салиу/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести