Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ги привело Б.И. (19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека вчера околу 22:00 часот на територија на Општина Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З. (19), 13-годишник и 16-годишник, сите од Скопје, од друга страна.
-13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна.
И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда, велат од таму.
Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети, посочуваат од таму.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во тепачката во Чаир 13-годишно дете е прободено во пределот на срцето, состојбата му е критична














