Газдата на „Пулс“ ќе даде имот како гаранција, излегува од притвор на 3. октомври

Сопственикот на т.н. дискотека “Пулс“, Дејан Јованов Деко во текот на неделава ќе даде гаранција во имот, бидејќи Судот откако на 3. октомври ќе излезе од затворски притвор, може да му определи и само мерки на претпазливост.

Информацијата на денешното рочиште ја соопшти неговата одбрана.

Тој излегува од притвор, бидејќи според законот може да лежи во притвор максимум една година од оценката на обвинението, а тој е во притвор од март лани.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска по денешното рочиште меѓу друго кажаа и дека нејзиниот клиент не негира одговорност, туку дека неговата одбрана ја негира умислата за делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газдата на „Пулс“ набрзо ќе излезе од притвор

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.



  • Најчитани вести



  • Најчитани вести