Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера во 21:45 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, од Поликлиника Драчево, бил пријавено дека кај нив со повреда била донесена Ј.С. (57) од Скопје.
-Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека била во дворот од семејниот дом, почуствувала удар во рамото, а по извршениот преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од оружје.
Се работи на расчистување на случајот, велат од таму.














