Од Врховниот суд објаснија зошто ги укинал пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје за Стевчо Јакимовски, поранешниот градоначалник на Општина Карпош, за предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Излегува од затвор: Врховен ги укина пресудите за Јакимовски
Од таму меѓу другото велат дека пониските судови не го разјасниле клучно прашање за обвинението против него за бесправно градење – каков објект всушност бил изграден во Карпош и дали за него воопшто било потребно одобрение за градба.
Како што велат од таму, во пресудите било наведено дека објектот бил изграден без дозвола и затоа претставува бесправна градба, но, според Судот, не било доволно јасно утврдено за каков тип објект станува збор.
Од таму посочуваат дека треба да се утврди дали станувало збор за траен објект, за кој е потребна градежна дозвола, или за времен објект, за кој важат поинакви правила. Според Судот оваа е важно затоа што од видот и правниот статус на објектот зависи дали воопшто се исполнети законските услови за кривичното дело „бесправно градење“.
Од Судот посочуваат и дека образложението на пониските судови било контрадикторно и дека не ја отсликува доволно реалната состојба. Според Судот, иако судовите утврдиле дека Општина Карпош немала годишна програма за поставување времени објекти, според Судот и ова прашање требало да се разгледа во контекст на останатите законски одредби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова кривична за Јакимовски, поранешниот градоначалник на Карпош
Стевчо Јакимовски бил хоспитализиран, по три недели вратен во затвор
Кој е Стевчо Јакимовски, кој на 2. јули треба да оди во затвор
Фото: Јакимовски/Фејсбук














