Успешно заврши и годинешното издание на „Пастрмалијада 2026“, најголемата гастрономска манифестација во Штип, која и оваа година го претвори градот во главен центар на Истокот, место за најдобрата музика и за одличната атмосфера, информираа од Општин Штип.
„Штип беше домаќин на илјадници посетители од цела Македонија и регионот, а големиот интерес уште еднаш потврди дека „Пастрмалијада“ е еден од најзначајните и најпрепознатливи настани во градот,“ велат од таму.
На годинешното издание настапија Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Жељко Јоксимовиќ, Таско и Лара, Сара Јо, Бојан Илиевски…















Фото: Општина Штип














