За првпат во историјата вештачка интелигенција хакираше сајт на владина институција во Австралија

За првпат во историјата вештачка интелигенција (ВИ) хакираше сајт на владина институција во Австралија.

Информацијата доаѓа во време кога во светот се води сериозна дебата за влијанието на ВИ врз иднината на човештвото и се бара нејзина регулација.

Позади нападот стои ВИ агент на ОпенАИ, а како што информираше австралискиот премиер Ентони Албаниз хакирањето се случило во јуни.

Хакиран бил владиниот портал за здравствени податоци – Медикер, австралиска програма за универзално здравствено осигурување, а ВИ агентот неовластено пристапил до датотеки.

Албаниз предупреди дека активноста на агентот на ОпенАИ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството, но не потврди дека тоа навистина се случило.

ОпенАИ пак соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти.

Оваа е само еден од бројните слични инциденти на ВИ агенти, кои без човечка наредба, сами одлучуваат да изведат напад, а досега беа регистрирани само во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали вештачката интелигенција е закана за човештвото?

Може ли вештачката интелигенција да не остави без интернет?

Може ли вештачката интелигенција да не остави без струја?

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести