еМагазин
ЖИВОТ

Внимание: Измамници собираат пари во име на хуманитарната оганизација „Свети Спас“

Хуманитарната организација „Свети Спас“, упати апел за внимание, бидејќи измамници собирале пари во нивно име.

„Штотуку дознав дека се појавиле измамници низ цела Македонија, (денес биле во Ајватовци и Тетово), кои одат по куќи и бараат донации во име на нашата хуманитарна организација.

Ве известуваме сите во цела Македонија дека ние не собираме финансиски донации и не сме пратиле луѓе да собираат финансии. Ве замолуваме, ако некој дојде да побара пари во наше име, веднаш пријавете во полиција и по можност сликајте ги.

Ве молам за масовно споделување за да спречиме злоупотреба на нашата хуманитарна организација“, вели во апелот отец Оливер Петровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија меѓу првите три земји во светот со најголем процентен пад на стапката на мртвородени деца

Редакција

Затоа што превенцијата е половина здравје: ДМ Дрогерие маркт организира бесплатни дерматолошки прегледи

Редакција

(Видео) Почина Марија од популарната серија „Жикина династија“

Редакција