Од 5. јануари и двете печки на Цементарница Усје не се во погон поради годишни ремонтни активности, информираат од компанијата, од каде потсетуваат дека емисиите од работата на Цементарница постојано се под граничните вредности определени со Закон.
„Од 2007 година, емисиите на Цементарница Усје се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите“, велат од компанијата.
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите, велат од Цементарница Усје и потенцираат дека компанијата не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот.
“Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница Усје не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата, а работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина.
Кога печките на Цементарница Усје работат, тие работат 24 часа. Цементарница Усје поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото деноноќие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат, а производството на цемент е поинтензивно лете, отколку зиме“, велат од таму.
Цементарница Усје ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи, медиумите во кое и да е време да ја посетат компанијата и да добијат орговори за сите прашања од интерес.
Контакт e-mail: [email protected].