еМагазин
Image default
Локално

Се судрија минибус и две возила кај Гостивар: Единаесет повредени

Единаесет лица се медицински згрижени во гостиварската општа болница по сообраќајната несреќа што се случи на магистралата Гостивар – Кичево. По речиси двочасивниот прекин, сообраќајот повторно се одвива непречено во двете насоки.

Според првичните наоди од извршениот увид, во сообраќајната несреќа која се случи околу 14:00 часот, во близина на отворените каменоломи, се судриле минибус и два патнички автомобила.

Едно лице како итен случај е префрлено на скопските клиники.

Карактерот на повредите на повеќето лица се утврдува. Полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец противправно ја држел сопругата дома, пријавил нивниот син

Редакција

Двајца браќа од Охрид нарачале два килограми кокаин од Бразил, дрогата „фатена“ на аеродромот во Скопје

Редакција

Се бара: Кумановец со „Мазда“ удрил во патарина и побегнал

Редакција