еМагазин
Image default
Македонија

„Бомбите“ може да бидат доказ и ако Обвинителството преземе дел од случаевите на СЈО, вели Русковска

Според постоечкиот Закон што се уште важи за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), тие треба да ни ги предадат предметите. Доколку не ни ги предадат, ние според тој Закон не можеме да ги побараме и да ги преземеме, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска, прашана дали би ги преземале предметите од СЈО за тие да не пропаднат, по вчера изнесеното начелно правно мислење на Врховниот суд.

Прашана дали прислушуваните разговори ќе бидат докази и на Јавното обвинителство доколку ги преземат случаите, Русковска, рече дека нема причина зошто не би биле.

– Доколку се сеќавате, кога тие снимки беа предложени како доказ од страна на СЈО, судот првостепениот ги одби, не ги прифати, но по одлука на Апелациониот суд тие станаа докази во предметите. Нема зошто таа одлука да не важи, не е битно кој постапува по предметот и кое обвинителство. Сите сме обвинители и одлука на суд е одлука на суд – рече Русковска.

Посочи дека тоа е нејзино мислење, а доколку им бидат предадени предметите и почнат да постапуваат, ќе се види што ќе се случува.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се спасат ли Ахмети, Мијалков, Бонева, Камчев, Османи, Милошоски, Тодоров… од прогон?

Јанева на средба со јавниот обвинител Јовески: Се одредува судбината на СЈО

Врховен суд го „погреба“ СЈО: Не смеело да отвора истраги по рокот од 18 месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што очекуваат функционерите од СДСМ од вечерашната седница на Централниот одбор?

Редакција

Државна матура ќе полагаат 15.899 ученици, екстерните испити се на 4 и 13 јуни

Редакција

Македонија исчезнува: Намален бројот на живородени деца, зголемен бројот на умрени лица

Редакција