еМагазин
Image default
Локално

Ограбиле поштар и го опожариле возилото со кое побегнале

На 01.02.2019 година во 07,05 часот во СВР-Скопје било пријавено дека пред поштата во село Волково две непознати лица извршиле разбојништво врз З.Ц.(52) од Скопје, кој требало да изврши достава во пошта, информира МВР.

Сторителите со закана со оружје од З.Ц. одзеле четири торби во кои, според пријавеното, имало само чекови за пензија. Пари не се одземени. Подоцна, околу 07.45 часот било пријавено дека во хала сопственост на Р.Ѓ.(46) на магистралниот пат Скопје-Блаце било оставено и опожарено возило „Опел корса“, за кое по преземени мерки било утврдено дека било користено во разбојништвото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За еден ден фатени 33 лица без возачка дозвола во Скопје

Редакција

Двајца мажи од Велешта во полициска станица во Струга тепале полицајци и прскале сведок со солзавец

Редакција

Поведена постапка за полов напад врз дете против монструм од битолско

Редакција