еМагазин
Image default
Забава

Влатко Лозаноски со голем концерт во ВИП-Арената на 23 март

После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје, информираат од Авалон продукција.

„Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот.

Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда наутро (13-ти февруари) во 09 часот преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следните цени и категории:

ПАРТЕР- 500 денари

ФАН ПИТ- 800 денари

ТРИБИНИ- 700 денари

SILVER SEATS- 800 денари

GOLDEN SEATS- 900 денари

ВИП- 1.000 денари

„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за концертот на Лозано ќе биде полна до последно место“, се вели во соопштението на Авалон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Џенифер Лопез повторно предизвика воздишки со нејзиниот секси изглед

Редакција

Пере од „Нокаут“ по трет пат татко, доби уште една ќерка

Редакција

Фестивалот „Здраво млади“ по 14. пат во МКЦ

Редакција